Тоа, како што пишува ТАСС, на конференцијата AI Journey го соопшти извршниот потпретседател, раководител на блокот „Технологии” на „Сбербанк“ Давид Рафаловски.
Се истакнува дека ресурсите на Christofari ќе бидат достапни во клауд-сервисот SberCloud — AI Cloud, што ќе им овозможи на корисниците да развиваат и користат алгоритми на вештачка интелигенција.
Капацитетот на компјутерот е околу 6,7 петафлопси.
Според генералниот директор на SberCloud Александар Сорокоумов, суперкомпјутерот ќе овозможи решавање задачи за обука на модели базирани на невронски мрежи во многу краток рок.
Тој истакна дека користењето на ресурсите на Christofari ќе ја зголеми ефикасноста во решавањето на задачите од областа на обработка на природниот јазик и компјутерскиот вид, како и автоматизираното донесување одлуки, управување со ризици, откривање измами, создавање гласовни асистенти и друго.