Американски медиуми: Ова се петте земји што ќе го купат Су-57Э

Виталиј В. Кузмин/www.vitalykuzmin.net
На меѓународниот авио-космички саем за МАКС-2019 година што се одржа годинава на аеродромот Жуковски во близина на Москва, беше објавена одлуката дека новиот повеќенаменски авион-ловец биде наменет и за извоз (варијантата на овој авион ќе ја носи ознаката Су-57Э) . Американското списание „Национален Интерес“ објави список на пет држави кои најверојатно ќе ја набават извозната верзија на рускиот „невидлив“ авион.

За многумина изненадувачки, но на првото место се најде Мјанмар Имено, оваа земја покажа сериозен интерес за набавка на рускиот ловец од петтата генерација. Мјанмар потпиша договор со руската компанија „Рособоронекспорт“ за купување современи ловци Су-30СМ кои треба да ги заменат лесните тактички ловци МиГ-29. Постои голема можност Мјанмар да ги набави и ултрамодерните ловци Су-57Э. Оваа набавка значително би ја зголемила силата на нивната борбена авијација, пренесува веб-порталот РГ.

Следната држава која би можела да стане корисник на борбените летала авиони од петтата генерација е Алжир. Оваа земја има навистина долгогодишна военотехничка соработка со Русија, а претходно и со СССР. Министерството за одбрана на оваа држава е заинтересирано за набавка на руски ловци Су-35 од генерацијата 4++, но ги заинтересира и најновиот ловец од петтата генерација Су-57Э, се разбира, доколку и неговата цена биде адекватна на платежните можности.

И Турција во последно време се јави како потенцијален купувач на извозната верзија на рускиот авион-ловец од петтата генерација Су-57Э. Американските медиуми пишуваат дека дефинитивното раскинување на договорот за испорака на ловци F-35 најверојатно би довело до набавка на руски ловци од петтата генерација. Во моментов Москва и Анкара преговараат за условите на испорака на повеќенаменски авиони-ловци Су-35 од генерацијата 4++ (се споменуваат најмалку три ескадрили). Доколку руско-турската военотехничка соработка продолжи да се развива со ова темпо, постои голема веројатност дека во наредните години Анкара ќе набави и одреден контингент ловци Су-57Э.

Се разбира, не е заборавена ни НР Кина. Иако Народноослободителната армија има во својот состав сопствени летала од петтата генерација, таа може да набави одредена количина руски ловци Су-57Э со цел подигнување на способностите на своето воздухопловсто и, се разбира, за негови технички истражувања.

И Индија се јавува како земја која претендира да набави авиони од петтата генерација, конкретно рускиот Су-57Э.

Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација што го имаат развиени воздухопловните инженери на ОКБ Сухој. Тој е наменет за извршување огромен спектар задачи што можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување на апсолутна воздушна превласт над територијата на која се изведуваат кривни борбени дејствија, уништување на најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и за надзор на воздушниот простор на голема оддалеченост, уништување на командна инфраструктура на непријателот итн.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња