Сè (што ни е дозволено да ви кажеме) за руската војска

Алексеј Крјажев/Sputnik
Зошто Русија е сила која не може да се игнорира? Наведуваме факти и бројки.

Русија спаѓа меѓу најголемите воени сили на светот. Во нејзината армија служат над еден милион луѓе, а нејзините граници се добро заштитени.

Во текстот што следува ќе ви ги покажеме сите аспекти на руските вооружени сили (колку што ни е дозволено да кажеме).

Колку е моќна руската армија?

Припадник на падобранско-денантни сили на прославата на Денот на падобранците, Краснодарски крај, Русија

Руската армија се третира како втора (по САД) воена сила на светот.

Соодветна ранг-листа секоја година прави аналитичкиот портал „Глобал фајрпаур“ врз основа на анализа и на споредување на своите воени капацитети – бројот на активни војници и резервисти, бројот на „борбени машини“ во копнените, морнаричките и воздухопловните сили, како и буџетот со кој располага војската за организирање маневри и операции, како и за набавка на оружје.

Руските копнени единици во 2019 година се оценети како најсилни и најголеми на светот, додека во сите останати сфери други земји имаат подобри показатели.

Колку луѓе служат во руската армија?

Во согласност со указот на претседателот Владимир Путин од 17 ноември 2017 година, во руската армија сега служат 1.902.758 лица, вклучувајќи и цивилни службеници.

Кадети на Воениот универзитет при Министерството за одбрана на РФ маршираат на проба за Парадата на победата на Црвениот плоштад, Москва, Русија.

Од нив 1.013.628 се вистински војници, и меѓу нив има 753.000 војници на договор и 260.000 редовни војници (мажи од 18 до 27 години кои се на едногодишно задолжително отслужување на воениот рок).

Главната причина поради која Русија сè уште го нема укинато задолжителното служење воен рок е и нејзината огромна територија и бројот на нејзините жители. Територијата на Русија зазема 17.125.191 квадратни километри, а на неа живеат 146.780.720 жители. Министерството за одбрана денес се воздржува од испраќање војници од еден дел од земјата во друг (на пример од Москва на Камчатка). Наместо тоа се обидува да регрутира војници во оној регион каде тие треба да служат.

Колку заработуваат војниците?

Војници на договор подигаат плата на банкомат.

Минималната месечна плата на еден обичен војник изнесува околу 30.000 рубли (околу 480 американски долари), иако тоа зависи од видот на воените единици и региони.

На пример, војниците кои ја бранат татковината на Север добиваат повеќе пари од оние што служат во Московската област.

Руските офицери, од поручник до генерал, обично месечно заработуваат од 40.000 рубли (околу 550 американски долари) до 300.000 рубли (околу 5.000 американски долари).

Можат ли странци да служат во руската армија?

Странски студенти на церемонијата на врачување дипломи на офицери и мичмани (морнарско звање во рангот поручник) на Воената морнарица на Русија во Црноморската морнаричка воена школа „Адмирал Павел Нахимов“ во Севастопољ.

Да, можат.

Во согласност со указот на претседателот на РФ од 2015 година секој странец од 18 до 30 години може да потпише договор и да стапи во редовите на руската армија.

Првиот договор со војникот се потпишува на пет години.

По договор можат да служат обични војници, десетари, помлади и постари војници.

Главен услов е кандидатот да знае руски јазик и да нема административни препреки во Русија и/или во други држави. Тоа значи дека на овој начин не може да се избегне судско гонење како што може со стапувањето во француската Легија на странци.

Во случај на војна војниците со странско државјанство нема да имаат поинаков третман, односно ќе имаат обврска да ја бранат Русија без оглед на евентуалните околности.

Во руската армија во 2019 година служат 1.902.758 лица, од кои 295 странски државјани. Тие доаѓаат од Заедницата на независни држави – Казахстан, Ерменија, Азербејџан и други. 

Главни сојузници на Русија

Војници на отворање на базата Хаирмајдон на заедничките антитерористички маневри на Колективните сили за брзо реагирање на членовите на Организацијата на договорот за колективна безбедност, Таџикистан

Русија и шест поранешни советски републики (Ерменија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Азербејџан и Белорусија) уште во 1992 година го потпишаа Договорот за колективна безбедност.

Оваа соработка прерасна во алијанса која се нарекува Организација на договорот за колективна безбедност (ОДКБ).

Со основниот документ на ОДКБ повторно е потврдено тежнеењето на сите држави-членки да се воздржат од примена на сила или закана за примена на сила. Потписничките на договорот не можат да се приклучат на други воени сојузи или на други групи држави, а вооружен напад врз која било потписничка ќе се смета како напад на сите потписнички (исто како и во НАТО).

Со оглед на тоа ОДКБ секоја година организира маневри на кои се унапредуваат координациите на дејствувањето во организацијата.

Последната од низата такви воени вежби го носеше називот „Центар 2019“. Вежбата беше одржана во централниот дел на Русија. На неа учествуваа над 128.000 војници.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња