Воeна вежба „Гром“
Скришнот, Facebook на Министерството за одбрана на РФ„Информацијата <…> не е веродостојна“, истакнаа од министерството, пренесува РИА „Новости“.
Од Министерството за одбрана се нагласува дека целта на воената вежба била проверка на системот за борбено управување со Вооружените сили, а не способноста за лансирање максимален број на ракети.
„Оценувајќи ја информацијата за техничката состојба на една ракета во подморницата „Рјазањ“, добиена непосредно пред лансирањето, донесена е одлука таа да не се лансира за вежбовни цели. Откажувањето од примена на ракетата во никој случај не влијаеше на успешниот резултат на стратешките командно-штапски маневри „Гром“, се вели во соопштението на министерството.
Во понеделникот весникот „Ведомости“ повикувајќи се на два извора напиша дека за време на маневрите на полигонот Чижа била истрелана само една интерконтинентална балистичка ракета Р-29Р од нуклеарната подморница К-44 „Рјазањ “, а било планирано да се истрелаат две ракети.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче