Ненадминатата сигурност на „Калашников“: Тестирање на пушката АК-201 во екстремни услови (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Ја затрупаа пушката со песок, ја потопија во валкана вода, пукаа до вжештување на цевката! „Калашников“ АК-201 е бесмртен!

Стручњакот за оружје на концернот „Калашников“ Георгиј Губич ја тестираше руската автоматска пушка АК-201 со стандардните за НАТО-оружјето куршуми со калибар 5,56х45 мм.

„Калашников“ АК-201 има прилагодлив кундак, пластичен телескопски нишан, ергономичен ракофат и регулатор на стрелба, како и две „Пикатини“ шини за монтирање дополнителна тактичка опрема.

За да докаже дека оружјето работи во кои било услови, стручњакот најпрвин ја закопа пушката во песок, ја остави 15 минути да голта прашина, ја потопи во кал и, на крај, истрела рафално 12 полни шаржери. Но, дури и по чадот и вжештувањето на цевката, АК-201 функционираше исправно и стрелаше прецизно. Уверете се и самите во ненадминатата сигурност на оваа пушка.