Панелите ќе ја менуваат формата од правоаголник во полукружна форма. Тоа ќе му овозможи на апаратот да го избегне интересот на странските сателити-инспектори, соопштува телевизиja „Ѕвезда”.
„Полутопките на соларните батерии го штитат вселенскиот апарат така што се намалуваат неговите рефлектирачки карактеристики во однос на сондажното ласерско зрачење на апаратот-инспектор“, се вели во образложението на патентот, кој е регистриран во Федералната служба за интелектуална сопственост.
Откако ќе помине покрај инспекторот, вселенскиот апарат повторно го добива својот првобитен облик.