„Краш-тест“ на автоматот АК-74М: Непрекината рафална стрелба до уништување (ВИДЕО)

Скриншот
Еден примерок на автоматот „Калашников“ АК-74М беше тестиран до уништување. Се покажа дека е многу поиздржлив отколку што тоа го бара Министерството за одбрана на РФ.

Стручњаците на порталот  „Калашников Media“ ги објавија резултатите од „краш-тестот“ на автоматот АК-74М. Оружјето беше тестирано со непрекината рафална стрелба, а потоа беше расклопено за да се видат промените до кои дошло во деловите на конструкцијата.

Според стандардите на Министерството за одбрана на РФ, автоматот „Калашников“ треба да издржи 180 истрели во режим што не е предвиден фабрички и неизбежно доведува до непоправливи оштетувања. За тестирањето беа подготвени 26 рамки со по 30 куршуми. Проверката беше извршена на автомат произведен 2014 година, која во меѓувреме бил многу користен.

После 587 испукани куршуми, на автоматот АК-74М му пукна цевката во пределот на предниот ракофат. „Се појавува пламен, сè се топи, но формата не се менува, не можам да го деформирам“, рече во текот на тестирањето стручњакот на компанијата „Калашников“ Георгиј Губич.

Кога оружјето се олади, стручњаците го оценија степенот на оштетувањата. На затворачот се фати `рѓа откако беше полиен со вода додека сè уште беше жежок, но не се деформираше. Затворачот остана цел, а чаурата се „завари“ во цевката. Облогата на гасниот цилиндар се стопи така што не можеше да се одвои. Сѐ на сѐ, излезе дека АК-74М во целост одговара на барањата на Министерството за одбрана, дури и ги надминува.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња