АК-74М ставен на листата на петте најопасни автоматски пушки на светот

Виталиј В. Кузмин

Во САД е направена рејтинг листа на најопасните автоматски пушки. Во топ петте влезе и рускиот „Калашников“.

Според пишувањето на магазинот „Национален Интерес“, петте најопасни пушки на светот го променија изгледот на војната во 21 век. АК-74 се најде во истата група со познатиот американски автоматски карабин М4, британската пушка СА80А2, автоматската пушка FAMAS од Франција и HK416 од Германија. Во статијата се истакнува дека овие пушки се доработуваат веќе со децении.

На листата, значи, е и руската автоматска пушка АК-74. Направена е 1970 година како замена за АК-47, но до ден-денес ја нема изгубено својата важност. „Калашников“ е страшно оружје во денешните воени судири. Во 2015 година автоматската пушка беше унапредена. Доби телескопски кундак и подобрена контрола на повлекувањето. АК-74 се смета за еден од најраспространетите типови оружје, забележува стручњакот Кајл Мизоками.

Прочитајте повеќе: Три најнови автомати на концернот „Калашников“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња