Во морињата на рускиот Далечен Исток се кријат милион нови лековити соединенија

Franco Banfi / ZUMAPRESS.com/Global Look Press
Истражувачите веруваат дека Русија би можела да се најде на првото место во светот според производство на лековити соединенија од морски безрбетници.

Во организмите на безрбетните жители на морињата на рускиот Далечен Исток би можеле да се наоѓаат од сто илјади до милион нови лековити соединенија, се наведува во истражувањето објавено во научното списание Marine Drugs. Како што се истакнува, антиканцерогена активност притоа, најверојатно, имаат од шест до шеесет илјади организми.

Научниците направија прогноза заснована врз податоците за бројот на веќе познатите видови безрбетници пронајдени на северозападот на Тихиот океан. Според објавените податоци во наведениот текст, во водите на Јапонското, Охотското и Беринговото Море би можело да има од неколку десетици илјади до два милиони видови безрбетници кои допрва треба да се откријат и да се проучат нивните лековити својства.

„Според нашите процени, само на рускиот Далечен Исток би можело да се пронајдат од сто илјади до еден милион нови лековити соединенија. Од тој број, меѓу шест и шеесет илјади треба да имаат антиканцерогена активност на претклиничко ниво, а од 150 до 1,5 илјади ќе дојде до клинички испитувања. Повеќето треба да бидат нови соединенија кои не наликуваат на претходно откриените“, коментира Владимир Катанаев, еден од авторите на трудот, соработник на Далекоисточниот федерален универзитет и професор на Женевскиот универзитет.

Како што објасни овој научник, станува збор за огромен број според стандардите на светската фармаколошка индустрија. Истражувачите веруваат дека Русија би можела да се најде на првото место во светот според производството на лековити соединенија од морски безрбетници, меѓу кои голем број имаат силен антитуморен потенцијал.

Истражувачите исто така предупредуваат за важноста од зачувување на морскиот биодиверзитет, бидејќи потенцијалната комерцијална придобивка од новите биолошки активни соединенија би можела да биде мртва буква на хартија поради генерално негативните тенденции. Имено, научниците пресметаа дека во просек секој ден на Земјата исчезнуваат 150 видови живи организми.

Освен тоа, научниците развија метод за проучување на новите лековити компоненти на морските животни кој може да се користи за слични пресметки во други морски акватории. Тие сметаат дека добиените резултати можат да бидат корисни во стратешкото планирање.

Прочитаjте повеќе: Руска компанија направи еквивалент на најскапиот лек на светот

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња