Како што соопшти корпорацијата „МиГ“, новата 35-ка спаѓа во самиот технолошки врв на семејството авиони-ловци со ознаката „МиГ“:
„Авионите МиГ-35 (едносед) и МиГ-35Д (двосед) се направени со широка примена на технологијата на ловците од петтата генерација. За сериско производство на овие летала е успешно пуштена во функција модернизирана производствено-технолошка база, со што е обезбедена можност за брзо склопување на овие авиони со задоволување на строгите барања кога е во прашање квалитетот“, се нагласува на официјалниот сајт на корпорацијата.
Во соопштението се наведува дека МиГ-35 е наменет за борба против воздушни цели, без разлика дали е ден или ноќ, и без оглед на временските услови. Покрај уништувањето воздушни цели, ловецот од генерацијата 4++ има и одлични бомбардерски карактеристики и може со голем успех да се употреби за дејство по копнени цели и површински бродови.
Според производителот, основните предности на овој авион се: намалена радарска рефлективност, четири пати посигурен систем на сите канали за управување, авионика од новата генерација, оптоелектронска станица за детекција и електронски визир на шлемот на пилотот за нишанење и индикација. Авионот исто така има и модерно информационо-командно поле на пилотската кабина кое се карактеризира со висок степен на автоматизација, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.
МиГ-35 е опремен со нови мотори со зголемена сил на потисок. Овој авион има можност за полнење гориво во воздух со помош на специјални авиотанкери. Покрај тоа, авионите е уникатно унифициран во едносед и двосед варијантите кога станува збор за конструкцијата на трупот, комплексот на применетата опрема и главните извршни функции.
Корпорацијата ги објави и основните летечко-технички карактеристики на ловецот МиГ-35 од генерацијата 4++:
„На девет точки авионот може да понесе широк спектар на различно воздухопловно вооружување: наведувани ракети од класата „воздух-воздух“ со мал, среден и голем дострел, ракети од класата „воздух-земја/воздух-вода“ наменети за борба против копнени цели на непријателот и неговите површински бродови, високопрецизни и гравитациски воздухопловни бомби од 100-500 кг, ненаведувани ракети, воздухопловен топ калибар 30 мм“, наведува производителот.
Пред 20-ина дена генералниот директор на РСК „МиГ“ Иља Тарасенко рече дека започнало сериското производство на ловецот МиГ-35, како и дека за негова набавка е заинтересирана Малезија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче