„Хабиб ме научи“: Руска хокеарка покажа завидни вештини во борење на мраз (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Хокеарката на „Динамо“ од Санкт Петербург Марија Пугина (21) на својот инстаграм-профил објави снимка од тепачка што избувна во текот на еден натпревар во женската хокеарска лига.

„Динамо“ играше против екипата на СКСО од Екатеринбург. Во еден момент дојде до мешаница пред голот на противникот. Многу девојки мавтаа со рацете, но се истакна бројот 77. Марија Пугина покажа умешност во борењето, а во коментарите на видеото таа го тагирше шампионот на UFC Хабиб Нурмагомедов и напиша дека тоа го научила гледајќи ги неговите борби.