Путин ѝ предложи на Саудиска Арабија да купи С-400 или С-300

Kremlin Pool/Global Look Press
Претседателот на Русија Владимир Путин на прес-конференцијата по разговорите со претседателите на Турција и Иран во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да купи системи С-400 или С-300 за нејзина одбрана.

„Со цел Саудиска Арабија да ги заштити „својот род“ и својата земја, ние сме подготвени да ѝ укажеме соодветна помош. Доволно е политичкото раководство на Саудиска Арабија да донесе мудра одлука на ниво на држава, како што тоа своевремено го сторија раководителите на Иран и купија С-300, и како што тоа го стори претседателот [на Турција Реџеп Таип] Ердоган и купи од Русија С-400. Тие системи сигурно ќе ги штитат сите објекти на инфраструктурата на Саудиска Арабија“, рече Путин, пренесува агенцијата ТАСС.

С-300П

На прашањето на иранскиот претседател што е подобро да се купи, С-300 или С-400, Путин одговори: „Самите нека изберат“.

С-400 „Триумф“.

Во Саудиска Арабија ноќта је спроти 14 септември беше извршен напад со дронови врз две рафинерии. Саудиска Арабија потврди дека нападите причиниле привремено запирање на производството и загуба на половина од произведената нафта.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња