Гаѓањето беше изведено во рамките на заемната командно-штапска воена вежба во која учествуваа авијацијата и противвоздухопловната одбрана, соопшти телевизијата „Ѕвезда“ повикувајќи се на началникот на информативната служба на Јужниот воен округ полковник Вадим Астафјев.
Покрај тоа, беше изведено и боево гаѓање од разни ПВО-средства - од противвоздушни ракетно-топовски системи „Панцир-С“, самоодни орудија „Тунгуска“ и артилериски системи „Шилка“, како и од противвоздушни ракетни системи „Стрела 10“, „Тор“ и „Оса“.
Како цели послужија ракети „Кабан“, „Пишчаљ“, „Стриж 1“, „Саман“ и „Пенсне“. Сите тие се лансираат како воздушни мети. Беа поставени и 50 мети кои имитираат наземна техника на условниот непријател. Нив ги гаѓаше авијацијата. Во маневрите учествуваа преку 100 авиони и хеликоптери.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче