Путин: „Кои будали зборувале дека Далечниот Исток е баласт за Русија?“

Kremlin Pool/ZUMAPRESS.com/Global Look Press

Развојот на Далечниот Исток беше тема на седницата на Претседателството на Државниот свет на Русија, а губернаторот на Јакутија Ајсен Николаев зборуваше за важноста на Далечниот Исток.

„Дали на Русија ѝ е потребен Далечниот Исток? Денес одговорот е очигледен, но до неодамна не бевме многу сигурни во тоа“, рече тој.

Николаев додаде дека високите функционери порано зборувале дека Далечниот Исток е баласт, вишок товар, бреме за Русија, регион кој секогаш бара дополнителна помош од буџетот.

Штом го слушна тоа претседателот Путин го прекина говорот на губернаторот и праша кој можел да каже такво нешто.

„Не знам кои будали го зборувале тоа. Тешко ми е да поверувам“, рече Путин.

Николаев прецизираше дека такви изјави слушал пред 25 години.

„Но, тоа е пред четвртина век. Ајде да зборуваме за денешниот ден“, заклучи претседателот.

Седницата на Претседателството на Државниот свет на Русија традиционално се одржува во рамките на Источниот економски форум, и тоа е еден од начините Путин да се запознае подобро со актуелните проблеми на регионите. 

Еден од проблемите е и драстичното намалување на бројот на жители на Далечниот Исток. 

„За жал, бројот на луѓе кои го напуштат регионот е поголем од бројот на луѓе кои доаѓаат“, истакна Путин. 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња