Концернот „Калашников“ објави видео со својот бесшумен автомат АМБ-17

Автомат АМ-17

Автомат АМ-17

Слободан Ѓукиќ
Концернот „Калашников“ прикажа видео од својот нов бесшумен малогабаритен автомат АМБ-17. Овој автомат главно ќе го применуваат единиците за специјална намена. Посебен интерес за оваа верзија на автоматот искажаа од ФСБ, ФСО и Росгвардија.

Неговите димензии даваат голем простор за манипулирање со оружјето, што е од голема важност при изведувањето антитерористички операции во тесни, затворени простори. Неговата максимална должина нема да надминува 850 мм, додека неговата тежина е ограничена на 2,9 кг. Опремен е со проѕирни пластични рамки за специјална муниција со кал. 9×39 мм, со капацитет до 30 куршуми. Благодарение на интегрираните „Пикатини“ шини, на него може да се постави цел спектар додатоци.

Моделот АМБ-17 е опремен со придушувач кој ја намалува децибелажата на звукот што се создава при истрелот на ниво на нечујните снајперски пушки (ВСС „Винторез“), пренесува интернет-порталот РГ.

Според ергономијата и изгледот на основните контроли не отстапува од основниот модел АМ-17. Се разликува само во калибарот на оружјето. Поточно, автоматот ќе користи куршум 9×39 мм. Овој модел на автомат сериозно се заканува да го замени сегашниот автомат АС „Вал“, како и гореспоменатиот ВСС „Винторез“. Ќе се карактеризира со исклучителна прецизност на стрелба, како и со висок степен на жилавост при експлоатација.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња