Су-35, пилотска група „Соколи на Русија “, Краснојарск.
Иља Најмушин/Reuters„Ќе бидат водени разговори со мојот турски колега, господинот Демир. Ќе го продолжиме разгледувањето на темите кои се на дневниот ред. Тоа се системите С-400, а ќе се движиме во насока на можната испорака на авиони Су-35 или Су-57 подоцна, за кои е изразен голем интерес, но рано е да се зборува за склучување договор, бидејќи сè уште не е испратено никакво барање и допрва треба да се направат консултации“, ги пренесува РИА „Новости“ зборовите на Шугаев.
Тој исто така соопшти дека втората фаза на испораката на противвоздушните ракетни системи С-400 на Турција ќе биде комплетирана за неколку недели.
„Обуката на турските стручњаци продолжува. Кон крајот на оваа и почетокот на идната година ќе ја завршиме таа работа“, рече Шугаев на авиокосмичкиот саем МАКС-2019.
Тој додаде дека Москва може да ѝ понуди на Турција авионски мотори и средства за електронско војување.
„Ќе водиме дијалог на тема авијација и авионски мотори. Имаме и идеи во врска со соработката во областа на средствата за електронско војување“, рече Шугаев.
Претходно претседателот на Турција Реџеп Теип Ердоган го праша рускиот лидер Владимир Путин на авиокосмичкиот саему МАКС-2019 во Жуковски дали ловецот Су-57 веќе лета и може ли да се набави.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче