Токму кога руската војска ќе свикне на Су-57, во вооружувањето се усвојува тешкиот ударен дрон С-70

YouTube
Сериското производство на тешките ударни беспилотни летала „Охотник“ се планира од средината на наредната деценија. Неговата најголема предност, покрај одличните летечко-технички карактеристики, ќе биде тактичкото поврзување со ловечките ескадрили кои ќе бидат опремени со авионите од петтата генерација Су-57.

„Како што сте сите запознаени, реализиран е првиот успешен лет на беспилотно летало „Охотник“. Во моментов се вршат испитувања на ова летало, кои ќе потраат 2-3 години. На мислење сум дека од 2024 година можеме да започнеме со сериско производство на „Охотник“, ги пренесува збороите на Јуриј Борисов интернет-порталот „Взгљад“.

Првиот лет на прототипната верзија на тешкиот ударен дрон С-70 „Охотник“ беше реализирана на почетокот од овој месец.

Во западните медиуми кои се занимаваат со воена проблематика, првото официјално полетување на рускиот тежок ударен дрон „Охотник“ привлече големо внимание. Првите проценки се дека се работи за летало кое ќе има исклучително ниско ниво на радарска видливост и кое ќе биде „набиено“ со моќни средства за противелектронска борба.

Така, на пример, списанието Мilitary Watch Magazine напиша дека станува збор за тежок беспилотен ударен дрон кој, како и ловецот од петтата генерација Су-57, е развиен по распадот на СССР. Во материјалот се наведува дека „Охотник“ е проектиран за широк спектар на задачи, потенцирајќи дека овој дрон ќе има многу важна тактичка функција во пар со ловците Су-57. Беспилотниот дрон ќе може длабоко да навлегува во воздушниот простор на противникот и да реализира класични ловечки задачи, но и да врши удари по копнени цели. Притоа се нагласува дека засега не е познато со кои убојни средства оружје ќе биде вооружен „Охотник“.

Тие напомнуваат дека руската воздухопловна воена индустрија има намера да ги спари тешките дронови „Охотник“ со повеќенаменските ловци С-57 од петтата генерација, „содејството со дронови како „Охотник“ ќе биде една од клучните тактички способности кои треба да обезбедат значителна предност во воздушниот бој над конкурентските платформи“, пишува Мilitary Watch.

С-70 „Охотник“ според процените ќе достигнува маса до 25 тони, што е, на пример, двојно повеќе од тактичкиот ловец од четвртата генерација МиГ-29. Ќе лета со суперсонична брзина (околу 1400 км/ч), додека неговата крстосувачка брзина ќе биде во границата на високата супсонична брзина која ќе се движи во вредноста од околу 1,000 км/ч. С-70 ќе може да прелета околу 5000 км и достигне висина (плафон на лет) од преку 10000 метри. Оттаму со високопрецизно оружје ќе може да уништува непријателски копнени цели и да врши операции на воздушно извидување.

Претпоставката е дека „Охотник“ ќе може да понесе до 2,5 тони убоен товар (одделни извори велат дека ударниот дрон ќе може да понесе дури 8 тони бомби и ракети).

Леталото ќе биде направено според технологија која ќе му обезбеди мала радарска рефлексивност-видливост. Основната конструкторска база за изработка на ова летало е шемата на тнр. „летечко крило“. Убојното вооружување ќе го носи во внатрешните борбени спремници, слично како кај ловците од 5 генерација. Корпусот на беспилотниот апарат ќе биде направен од  композитни материјали.

Прочитајте повеќе: Западот обрна внимание на можностите на руското беспилотно летало „Охотник“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња