Руските пилоти покажаа нова акробатска летачка фигура која ја нарекоа „Пропелер“. Таа биде демонстриран за прв пат на воздухопловниот саем МАКС-2019. Планот е новата летачка точка да биде прикажана со спортски авиони Јак-52. Ова за руските медиуми го изјави првиот човек на акрогрупата „Прв лет“ (Первый полет) и генерален директор на Федерацијата на авијациските спортови во Москва Дмитриј Самохвалов.
„Оваа изискувачка фигура, која има невообичаена траекторија при нејзиното изведување, ќе биде демонстрирана со авиони „Јак-52“ кои ќе летаат 3000 метри далеку од набљудувачите. Овој групен маневар се состои од еден авион кој лета со хоризонтална траекторија, додека другите два во висина вршат прелети околу него, така што самата фигура има изглед на пропелер“, рече овој пилот, пренесува интернет-порталот ТАСС.
Според Самохвалов, најголемата тежина на оваа вежба се рефлектира во фактот што е неопходно да се постигне голема усогласеност на авионите што се вртат околу централното летало. Имено, при подлетот под „оскиното“ летало кое лета хоризонтално, авионот што се врти околу него достигнува брзина и до 370 км/час, додека при надлетувањето неговата брзина е значително помала и изнесува 150 км/ ч.
Сето ова треба да биде толку координирано што набљудувачот отстрана гледа „единствен организам“ составен од три авиони кои максимално усогласено симулираат вртење на пропелер. Особено важни тука се двата авиони кои се вртат околу централниот авион. Имено, тие цело време треба да затвораат агол од 180 степени. Доколку се наруши тој агол, надворешната манифестација ја губи својата форма и фигурата се оценува како неуспешна.
Самата изведба на „Пропелер“ е исклучително опасна точка затоа што авионите што се вртат околу централното летало се оддалечени од него само седум метри.
Тој истакна дека оваа фигура веќе била изведувана, но во многу поедноставена форма. Имено, во неа учествувале само два авиона, едниот централен и другиот кој се вртел околу него. Самата сложеност на изведување на оваа фигура била неспоредливо помала отколку кога во неа учествуваат три летала.
Летачката точка „Пропелер“ ќе ја изведе акробатската група „Прв лет“ која лета со авиони Јак-52. Во неа ќе земат учество три летала со кои ќе управуваат пилотите Антон Беркутов, Роман Овчиников и Александар Михаилов. Меѓународниот воздухопловен саем МАКС-2019 ќе се одржи во подмосковски Жуковски, од 27 август до 1 септември.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче