Ловци МиГ-31БМ тренираа воздушна битка во стратосферата (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На тренингот за пресретнување на авиони при условна повреда на воздушниот простор на Русија модернизираните висински ловци-пресретнувачи МиГ-31БМ вежбаа воздушна битка во стратосферата, соопшти информативната служба на Тихоокеанската флота.

Авионите МиГ-31БМ распоредени во база на Камчатка дејствуваа на висина поголема од 20 километри и развиваа брзина од 2500 км на час, пренесува агенцијата ТАСС.

Како што се истакнува, „борбата“ се изведе „на практичен плафон на летот“.

Еден МиГ-31БМ ја имаше улогата на „нарушувач“. Неговата задача беше да влезе со полна брзина во рускиот воздушен простор и да избега од евентуалната потера, и сето тоа во долните слоеви на стратосферата.

Во пресретнувањето полетаа исто така авиони МиГ-31БМ, со тоа што мораа да го бараат нарушувачот без помош од ПВО од земја.

За време на тренингот беше извршено електронско лансирање ракета од авионите.

Ловците МиГ-31БМ шест пати влетаа во стратосферата.

Авионите МиГ-31 сега се наоружани со хиперсоничната ракета „Кинжал“.