Во вежбата ќе бидат ангажирани вкупно 49 бродови и борбени чамци, 20 помошни пловила, 58 воздухопловни летала од составот на ВМФ и ВКС на руската армија и преку 10 илјади војници и офицери, пренесува интернет-порталот РИА „Новости“.
Во план е проверка на борбената способност на единиците на руската воена морнарица со цел одбрана на националните интереси на земјата, како и развивање оперативно-тактички навики кога станува збор за командување со силите на флотата.
Основната поморска борбена група ќе се состои од воените бродови и помошните пловила кои учествуваа на Главната воено-поморска парада што се одржа во Санкт Петербург по повод Денот на ВМФ на Русија.
Со поморската воена вежба „Океански штит - 2019“ ќе раководи командантот на руската воена морнарица, адмиралот Николај Евменов. Предвидено е вежбата да заврши на 9 август.