Кинески медиуми: Руските научници започнуваат обемен проект за развој на вселенски борбен ласер

marsonline
Вoздушно-космичките сили во перспектива ќе можат да се опремат со ласерско-оптички борбени единици кои ќе бидат распоредени на космичките апарати. Нивна основна задача ќе биде борба против непријателските сателити, но исто така и против интерконтиненталните балистички ракети во почетната фаза на нивниот лет. Имено, руските научници работат на проектот за трансформирање на сончевата енергија во доволно силен ласерски сноп кој ќе може да предизвикува фатални оштетувања.

„Руските научници го заземаат водечкото место на полето на теоретските истражувања, додека САД засега имаат повеќе успех во примената на ласерското оружје. Во блиска перспектива Русија се подготвува да развие ново ласерско оружје кое ќе го користат сателитите, кое според севкупните тактичко-технички перформанси ќе го надмине американскиот пандан“, сметаат воените експерти кои пишуваат за кинескиот интернет-портал Sina.

Ова ќе биде можно бидејќи американските научници кои работат на развојот на ласерско оружје се соочуваат со сериозни проблеми. Да речеме, по емитувањето на ласерскиот зрак, на американскиот ласерско-оптички комплекс му се потребни околу 20 часа за повторно да акумулира доволно енергија за да изврши успешно дејство. Најкритична точка тука е снабдувањето на еден таков систем со доволна количина електрична енергија, која тешко може да се обезбеди дури и од моќни генератори сместени на големи бродови, а камоли на мали летечки платформи кои се движат во Земјината орбита, пренесува порталот „Бог-рата“. 

Би се рекло дека Русите поподготвени се впуштиле во нивниот проект за создавање енергетски и ласерско-оптички системи со космичко базирање. Имено, руските научници работат на проект за трансформирање на сончевата енергија во доволно силен ласерски зрак кој ќе може да предизвика фатални оштетувања. Комплексната оптичка склопка ќе биде интегрирана на орбитални сателити. Претпоставката е дека сите елементи важни за почетокот на имплементацијата на овој проект ќе бидат завршени до крајот на 2020 година, кога мултидисциплинарна група на врвни руски научници ќе започне сеопфатна работа.

Во декември минатата година Министерството за одбрана на РФ ја информираше јавноста дека новиот борбен ласерски комплекс „Пересвет“ влезе во фаза на опитно-борбено дежурство. Тактичко-техничките карактеристики на овој комплекс, како и точната локација на неговата опитно-боева експлоатација се во режимот на државна тајна. Извесно е дека неговата главна ударна карактеристика со која ги уништува потенцијалните цели е фокусираниот ласерски зрак. Тој е во можност, на пример, да ја изгори надворешната обвивка на воздухопловна бомба или на крстосувачка ракета и да го детонира нејзиниот експлозивен полнеж или да го онеспособи оптичко-електронскиот дел од опремата кој е од витално значење за нејзиното наведување.

Прочитајте повеќе: Зошто проектот „Сокол-Ешелон“ создава голема загриженост во САД?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња