За идејата за РИА „Новости“ зборуваше шефот на лабораторијата за геoхемија на Месечината и планетите при Институтот за геохемија на Руската академија на науки Евгениј Сљута.
„За тоа е потребна дупчалка од нова генерација која би била во состојба да земе примерок на земјиштето на длабочина од 15 метри. Тоа би била машина тешка околу 80 килограми. Ако успееме да земеме примерок од обратната страна на Месечината, хемискиот состав ќе ни каже кога почнало синхроната ротација на Месечината околу својата оска и Земјата, т.е. од кога Месечината нѐ гледа само со една страна“, вели Сљута.
Руските научници исто така предлагаат на Месечината да се постават од 8 до 10 сеизмолошки станици, мали контејнери од 50 кг.