Руски тенк Т-90А „Владимир“ учествуваше во предизвикот Bottle Cap Challenge (ВИДЕО)

Интернет-портал „Бог-рата“ (mars.online)
Руски тенк Т-90А, кој се наоѓа во составот на сириската армија, учествуваше во предизвикот Bottle Cap Challenge, односно одврти капаче од свртување. Само, овој пат тоа не беше сторено со нога, туку со тенковски топ 2А46-М5 со калибар 125 мм, основното оружје на основниот борбен тенк Т-90А попознат како „Владимир“.

Основниот борбен тенк Т-90А „Владимир“ се стекна со сериозна репутација во сирискиот конфликт. Каде и да беше употребен, тој беше своевиден весник на победата. Особено се истакна во борбите за Алепо и Палмира. Исто така, и во последната поголема операција на сириската армија при ликвидирањето на големата исламистичка енклава во Источна Гута, овој тенк исто така имаше свој придонес, пренесува интернет-порталот Marsonline.

Во однос на својот претходник (основниот борбен тенк Т-72), OБT Т-90А има значително помодерен систем за управување со огнот- СУВ, поквалитетна оклопна заштита зајакната со електро-оптичкиот комплекс „Штора“, динамички плочи поставени преку основниот повеќеслоен оклоп – „Контакт-5“, како и модернизиран топ со калибар 125 мм кој во комбинација со СУВ обезбедува многу подобри резултати кога станува збор за прецизноста на стрелбата. Благодарение на тоа, овој тенк може од движење, без оглед на времето (ден/ноќ), да уништи непријателски точкести цели на далечини и 5000 метри со помош на ласерски наведуваните ракети 9K119M „Инвар-М“ кои се истрелуваат од топот.

Најновата модернизација на тенкот Т-90М „Прорив-3“ е токму концентрација на акумулираните борбени искуства од Сирија. Благодарение на тоа, оваа верзија на тенкот високо се котира кога станува збор за неговиот севкупен квалитет, при што се смета за еден од најдобрите тенкови на денешнината.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња