На кадрите направени од пилотска кабина може да се види фазата на полетување, самиот лет и на крајот слетувањето на писта на аеродром. При реализацијата на оваа задача пилотите на авионите Су-27СМ3 и Су-30М2 изведуваа маневри на висини од само 100 метри, како и тактика на водење воздушна битка при суперсонични брзини.
Покрај тоа, екипажите реализираа и задачи како што се напади на воздушни и копнени цели, вклучувајќи и методика на пресретнување и спроведување на воздушно летало кое го повредило воздушниот простор на Русија, заклучно со негово принудно слетување.
Су-27СМ3 претставува длабоко модернизирана верзија на авионот-ловец Су-27К. Пакетот СМ3 се карактеризира со посилни мотори АЛ-31Ф-М1, зголемена маневарбилност на летањето и максималниот долет. Покрај тоа, авионот има способност да носи и значително поголем убоен товар од својот претходник, а во тој поглед е зголемен и бројот на подвесните точки за закачување бомби и ракети. Благодарение на овие унапредувања Су-27СМ3 според тактичко-техничките перформанси во голема мера се приближува до ловците Су-35 од генерацијата 4++.
Су-30М2 е модернизирана верзија на авионот Су-30 (поточно Су-30МК2 кој е наменет за руската армија). На него е применет посовремен пакет електронска опрема што му дава пошироки можности кога се во прашање удари по копнени и поморски цели. Унапреден е информационо-командниот систем со вградувањето на повеќенаменскиот колор-дисплеј МФИ-55 и индикатори на предното стакло на пилотот кои го даваат комплетниот статус на леталото. Авионот може многу успешно да се примени и за обука на нови пилоти. Се карактеризира со зголемена носивост на убојно вооружување од базичната верзија, како и со поширок спектар на употреба на различни бомби и ракети.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче