Како Црвената армија го заробила првиот германски тенк

Panzerkampfwagen III/ Wikimedia.org

Panzerkampfwagen III/ Wikimedia.org

На шеснаесеттиот ден од Големата татковинска војна, 7 јули 1941 година, на Западниот фронт се одиграла случка која не добила заслужено место во историографијата, а не постои никаков сомнеж дека го заслужува.

Тој ден една група советски лесни тенкови Т-26 под команда на Анатолиј Рјазанов, дејствуваше во заднината на непријателот, пробивајќи се од котелот. Во текот на пробивањето тие заробија непријателски недопрен тенк Панцир 3. Тенкот претставува прво крупно парче трофејно оружје за Советите во Втората светска војна.

Први денови од војната

Кон крајот на јуни и на почетокот на јули 1941 година бил период на тешки искушенија за Црвената армија. На војската сместена во Белорусија се нафрлиле сите групи од армијата „Центар“ која имала за задача да ја заземе Москва. Со силна поддршка на авијацијата и на артилеријата до 24 јуни германските тенкови се пробиле 60 километри и го зазеле мостот преку западен Буг и градот Липск. Директивата број три на Народниот комесаријат за одбрана барала противникот да се задржи што повеќе на варшавскиот правец, да нанесе силен контраудар во крилото на противникот, да се окружи и да се уништи непријателот. Таквиот план бил нереален и пропаднал.

Особено тешко првите удари ги поднеле тенкистите кои без престан биле напаѓани од страна на непријателската авијација која доминирала на небото. Загубите на тенковите од авијацијата се мереле со десетици. Лепелскиот контраудар кој го изведувале свежи сили на мехаизираниот корпус бил одбиен. Црвената армија изгубила повеќе од 800 тенкови. По цена на ужасни загуби на силите на Западниот фронт им пошло од рака да ја забават офанзивата на Германците на исток, давајќи притоа време на новата одбранбена линија која се создавала кај Смоленск.

КВ-1

Воскреснати

Рјазанов бил командир на тенк во 18 дивизија која учествувала во Лепелскиот контраудар. Во жестоките борби кај местото Сена, екипажот на Рјазанов има уништено три германски тенка, противтенковска пушка и неколку десетици хитлеровци, по што тенкот бил погоден. Возачот и нишанџијата загинале, а Рјазанов останал во германската заднина. Командирот ги собрал преживеаните тенкисти. Ги погребале луѓето од своите чети и баталјони, а потоа оспособиле два тенка, ставајќи нови гасеници и повторно стапиле во борба.

Групата на Рјазанов успеала да зароби германски тенк, чиј екипаж во паника избегал, по што се пробила кај своите. Рјазанов не само што успеал да го извлече драгоцениот трофеј, ами и да спаси уште 13 тенкисти од другите екипажи. Командирот на полкот го предложил Рјазанов за медалот Херој на Советскиот Сојуз.

Четири дена подоцна, во текот на следната операција во реонот на реката Лиса, Рјазанов исчезнал во борба. Информацијата за тоа неговата мајка ја добила по една година. Кон исчезнатите без трага во 1941 година се однесувале мошне сомничаво. Командирот на дивизијата го запрел доделувањето на златната ѕвезда Херој, оставајќи го само орденот Ленин како награда за загинат тенкист.

Заробениот германски тенк ги удрил темелите на колекцијата на трофеите на Црвената армија. Еден месец подоцна при одбрана на Киев колекцијата била пополнета со сосема исправни самохотки Стук III. Со самохотките управувале советските единици кои веднаш се фрлиле во борба. Во една од борбите помладиот поручник Климов со германска техника уништил два непријателски тенка, оклопен транспортер и неколку камиони. За овој подвиг добил орден Црвена ѕвезда.

Во 1944 година советски брод во Финскиот залив потопил германска подморница У-250. По еден месец подморницата успеале да ја подигнат од дното и да ја испратат во Кронштад. За време на прегледот на подморницата најдена е машина за шифрирање Енигма и нови самонаведувачки торпеда Т-7. И двете ствари предизвикале жива заинтересираност кај советските и кај британските воени експерти, а проучувањето на конструкцијата на У-250 помогнало во подобрувањето на конструкцијата на домашните подморници.

На крајот од војната Георгиј Жуков станал сопственик на автомобил Мерцедес-Бенц 770 од посебна серија, пуштена по наредба на Хитлер за „важните луѓе на Рајхот“. Автомобилот опремен со силен мотор многу му се допаднал на маршалот, па го користел насекаде, освен за време на потпишувањето на германската капитулација во Кархорст во Берлин.

Прочитајте исто така: Најпосакуваните трофеи од Втората светска војна: Што се земало од убиените непријатели

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња