Во Русија осмислија паметна ткаенина за арктичка опрема

Валериј Мељников/Sputnik
Директорот на Фондот за перспективни истражувања Андреј Григорјев рече дека стручњаците во оваа установа создале паметни ткаенини за облека наменета за екстремни климатски услови.

„Паметните“ материјали со терморегулација овозможуваат акумулација на топлината при физички напори и нејзино повторно ослободување заради оптимална терморегулација во екстремните климатски услови на средната зона, на Арктикот и крајниот север. Според количината на складираната топлотна енергија тие три до пет пати ги надминуваат странските материјали со терморегулација“, рече Григорјев за агенцијата ТАСС.

Како што нагласи тој, една од основите за создавање на материјалот бил принципот на добивање ултратенки влакна со помош на електропредење.

Покрај тоа, развиени се филтрирачки материјали за средства за заштита на органите за дишење и кожата со рекордно висока способност за задржување на аеросолните честички, но со непречено пропуштање на воздухот и водената пареа.

„Развиените материјали ќе овозможат проектирање на суштински нова опрема која во себе обединува супер високи заштитни својства и можност за максимално комфорно носење“, рече Григорјев.

Тој додаде дека проектот за индустриско производство на таквите материјали фондот го развива заедно со Саратовскиот државен универзитет.

На почетокот на минатата година беше пишувано дека концернот „Калашников“ планира да тестира во арктичката зона протипови на опрема за арктичката воена група и специјалните единици на Министерството за одбрана на Русија. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња