Руски научници направија пиво што не предизвикува мамурлак

ZUMAPRESS.com/Global Look Press
Научниците од Уралскиот федерален универзитет (УрФУ) смислија рецепт за пиво збогатено со минерали и витамини кое не предизвикува мамурлак.

„Тестираме различни режими и услови за производство на пиво, меѓу другото и во поглед на температурата, и на тој начин ги менуваме особините на квасецот. Исто така, применуваме додатоци за вкус. Во соработка со колегите од петербуршкиот универзитет ИТМО ја разгледуваме можноста за користење екстракти од коренот на билката куѕу и алгата хлорела, кои го намалуваат токсичното дејство на алкохолот”, објаснува професор Елена Коваљова, се наведуваа на официјалниот сајт на УрФУ.

Научниците истакнуваат дека со ова пиво човечкиот организам ќе добива корисни витамини и минерали кои имаат антиоксидантно и антиканцерогено дејство и овозможуваат да се избегне мамурлакот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња