ВДВ подготвува масовен десант на Крим со 40 авиони и 2000 падобранци

Marsonline
За време на реализацијата на воената вежба на единиците на ВДВ што ќе се изведува на Крим (воен полигон „Опук“), ќе се изведе голем воздушен десант во кој ќе учествуваат 2000 падобранци. Ова го пренесе информативната служба на руското Министерство за одбрана.

 Во рамките на оваа вежба ќе учествуваат околу 40 големи воено-транспортни авиони Ил-76 кои се наоѓаат во состав на единиците на транспортната авијација. Тие на 11 јули ќе полетаат за Крим од аеродромите во Иваново и Улјановск. По тој повод, во авионите ќе се качат околу 2000 падобранци од составот на Новоросијската ридска десантно-јуришна група (7. гардиска воздушно-десантна дивизија), се наведува во соопштението објавено од страна на руското Министерство за одбрана, пренесува инфо-порталот Marsonline.

Десантирањето ќе се изведе од мали висини во опсег од 600-800 метри. Притоа авионите ќе формираат две паралелни колони (во секоја по 20 авиони на меѓусебно растојание од 100 метри).

Основната цел на таквиот масовен десант е заземање на „непријателски“ аеродром со комплетните негови инсталации и обезбедување на акцијата со запоседнување на поширокиот простор околу главниот објект на напад. Во меѓувреме, екипажите на ангажираните авиони ќе изведат тактичко слетување на аеродромот во „авганистански стил“, во кој пилотите прават остро свртување и практично вертикално слетуваат на пистата под максимален агол.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња