Кафез-транспортер: Претставена најновата модификација БТР-82АТ

marsonline
На Меѓународниот воено-технички саем „Армија-2019“ првпат беше демонстрирана најновата модификација на оклопниот транспортер БТР-82АТ.

За разлика од стандардните модели на овие возила, модернизираната варијанта БТР-82AT се карактеризира со зголемен пакет оклопна заштита која се состои од дополнителен комплет челични плочи и специјални противкумулативни решетки, пренесува порталот marsonline. 

Дополнителните оклопни плочи значително ја зголемуваат отпорноста на возилото на муниција истрелана од тешки митралези, како на пример М2 „Утјос“ и сл. Противкумулативните решетки се ефикасни против проектили истрелани од рачни ракетни фрлачи и бесповлечни топови (РПГ-7, СПГ-9), пренесува интернет-порталот РГ.

Оклопни транспортер доби нов комбиниран двоканален нишан со вертикална стабилизација и ласерски далечиномер. Оваа опрема му овозможува на нишанџијата поефикасно да го употребува автоматскиот топ 2А72 со кал. 30 мм во комбинација со ПКТМ, во дневни и ноќни услови (термовизија).Оваа опрема овозможува да се забележи непријателската цел во многу сложени метео услови (силен дожд, ниска облачност).

Автоматскиот топ 2A72 претставува оружје со висока балистика конструрирано од познатите инженери Аркадиј Шипунов и Василиј Грјазев. Неговата основна намена е борба против непријателска жива сила, но и лесно оклопни борбени цели, како и нисколетечки воздушни објекти. Топот користи стандардни гранати 30х165 мм, кои ги користеше и неговиот претходник 2A42. Основната разлика во однос на автоматскиот топ 2A42 е многу поквалитетното решение за трзајот на топот кога дејствува во автоматски режим на стрелба. Ова овозможува интеграција на овој топ и на полесни борбени платформи, како што се, на пример, БТР-82А (оклопен транспортер на тркала), потоа оклопниот автомобил „Тигар-М“, се разбира и „Уран-9“ итн. Максималната брзина на стрелба на автоматскиот топ 2A72 е околу 300 гранати во минута.

Енергијата на гранатата овозможува ефикасна борба против непријателска жива сила на далечини и до 4000 метри, како и против леснооклопн борбена техника до 2000 метри. Панцирната поткалибарна граната со кал. 30х165 мм може да пробие хомогена челична плоча со дебелина од 30 мм која е под агол од 60 степени, на растојание од 1000 метри.

На куполата има носач за интеграција на транспортно-лансирни контејнери за противтенковскиот наведуван систем „Корнет“. На овој начин значително се зголемува огнената моќ на верзијата БТР-82AT за борба против практично сите оклопни цели кои непријателот може да ги употреби.

Борбениот екипаж се состои од 9-10 војници. Моќност на дизел-моторот на транспортерот е 300 коњски сили. Максималната брзина на пат е до 80 км/ч. Вкупната тежина на БТР-82АТ достигнува 17250 кг.

Прочитајте повеќе: Турција им фрли око на „Сухоите“ доколку работата со F-35 дефинитивно пропадне

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња