Нов оклопен транспортер во Руската армија

Се очекува дека на 9 мај во Москва во рамките на парадата за Денот на победата новите транспортери ќе продефилираат по Црвениот плоштад. Извор: РИА Новости.

Се очекува дека на 9 мај во Москва во рамките на парадата за Денот на победата новите транспортери ќе продефилираат по Црвениот плоштад. Извор: РИА Новости.

Руската војска доби ново борбено возило – оклопен транспортер на тркала БТР-82А. Тој има исклучително економичен дизел мотор, топ со електропогон со стабилизатор и ласерски нишан. Според процените на воените стручњаци, ефикасноста на гаѓањето му е најмалку двапати подобра одошто кај претходните верзии.

Новиот транспортер, направен во согласност со најновите технологии, претставува модернизирана верзија на оклопниот транспортер БТР-80 кој во составот на вооружувањето на Министерството за одбрана на РФ се наоѓа уште од 1986 година. За транспортерот БТР-82А конструкторите разработија над илјада нови елементи. Потребата за воведување на ново возило од ваков тип во вооружувањето се појави одамна, изјавува воениот аналитичар на магазинот „Комсомолска правда“ Баранец:

БТР-82А може да собори хеликоптер на оддалеченост од 2.5 километри, а на него може да се монтира противтенковски ракетен систем од типот „Корнет“ кој ги неутрализира тешките оклопни возила на оддалеченост од 4 километри. 

„Причината за тоа е што оклопните возила што ги поседува Руската армија од сите производители неверојатно брзо застаруваат. Постапката на повлекување од употреба на оклопните транспортери е повеќекратно подолг од периодот на воведување на нови типови во вооружувањето. Покрај останатото важно е целиот процес да биде добро искоординиран. Доколку од употреба се повлекуваат 300 до 500 возила, војската не може да чека една, две или три години за да се испорачаат нови заменски возила. Освен тоа, новото раководство на министерството за одбрана на Руската Федерација настојува да не набавува странски оклопни возила, на пример италијански, туку да се ориентира на руските производители. Руската армија сега поседува вооружување кое со право може да се нарече најдобро на светот. БТР-82А претставува одличен пример за тоа.“

За разлика од своите претходници, новото борбено возило може ефикасно да ги елиминира целите во движење. Ова стана изводливо благодарение на современиот систем за вооружување. БТР-82А има погон за хоризонтално и за вертикално насочување, а исто така и стабилизатор. Целта најпрво се фаќа со нишан, а стабилизаторот потоа продолжува да ја следи, објаснува Баранец:


Кога транспортерот се движи по нерамен терен и притоа потскокнува, стабилизаторот овозможува топот да остане сосредоточен и стабилен без разлика на тоа колку се тресе возилото.

Виктор Баранец

воен аналитичар

„Кога транспортерот се движи по нерамен терен и притоа потскокнува, стабилизаторот овозможува топот да остане сосредоточен и стабилен без разлика на тоа колку се тресе возилото. Постојат и комбиниран дневно-ноќен нишан за операторот, кој исто така има стабилизација на видното поле. Покрај тоа, возилото има и панцирна заштита од фрагменти на артилериски проектили и од куршуми на митралез, а исто така е опремено и со клима-уред.“

Оклопниот транспортер е опремен со топ со калибар од 30 милиметри и митралез со калибар од 7.62 милиметри. Брзината на гаѓањето на топот е 110 куршуми во минута. БТР-82А може да се движи со брзина од 90 километри на час. Ова борбено возило е во состојба да неутрализира цели на само на земјата, туку и да уништува мети и на високи наклони на теренот, на повисоки катови од згради, а соборува дури и хеликоптери на оддалеченост од 2.5 километри, истакнува претседателот на Академијата за геополитички проблеми Константин Сиваков:

„Освен тоа, на БТР-82А може да се монтира противтенковски ракетен систем од типот „Корнет“ кој ги неутрализира тешките оклопни возила на оддалеченост од 4 километри. Ова значајно ги зголемува можностите на оклопниот транспортер во рамките на пешадиските борбени дејствија. Посебна карактеристика на БТР-82А е значително подобрената заштита од експлозии на гранати и од нагазни мини“.

Новото возило има добри извозни перспективи. Еден од неговите главни конкуренти е француското универзално оклопно возило со тежина од 22 тони и со топ од 23 милиметри. Меѓутоа, рускиот транспортер е седум тони полесен и има моќен топ, што во дадената категорија го прави мошне конкурентно за пазарот. Се очекува дека на 9 мај тој ќе продефилира по Црвениот плоштад во Москва во рамките на парадата по повод Денот на победата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња