Рускиот холдинг „Швабе“ претстави уред за откривање снајперски гнезда

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Антиснајперскиот уред „Сосна“ во автоматски режим детектира позиции на снајперисти кои користат оптички нишани или оптоелектронски уреди на растојанија и до 2500 метри.

Рускиот холдинг „Швабе“ на меѓународниот воено-технички саем на оружје и воена опрема „Армија-2019“ ја претстави модифицираната верзија на приборот за скенирање на теренот „Сосна“, специјализиран за детекција на оптички нишани кои генерално се користат од непријателски снајперисти. Ова за интернет-порталот ТАСС го пренесе служба за информирање која е составен дел на овој холдинг.

„Уредот овозможува откривање и одредување на прецизни координати на оптичките и оптоелектронските нишани и системи кои непријателот ги користи за извидување и нишанење. „Сосна“ овозможува автоматски режим на пребарување на просторот на далечини до 2500 метри“, прецизира производителот, пренесува интернет-порталот Marsonline.

Како што појаснија од холдингот, за разлика од основната верзија, модифицираниот систем има безжичен систем за контрола, а исто така значително се намалени тежината и вкупните габарити што се однесува до димензиите. Управувањето со „Сосна“ се врши преку таблет компјутер.

Целокупниот прибор може да се монтира на преклопен статив или на различни видови воени средства за транспорт.

„Во овој момент „Сосна“ нема соодветни пандани како на домашниот, така и на странскиот пазар“, велат од информативната служба на холдингот „Швабе“.

Овој уред може да се употреби за заштита на објекти од исклучителна важност. Меѓутоа, една од неговите клучни задачи е откривање на противнички снајперисти за време на антитерористички операции.

Целиот уред „Сосна“ е развиен и произведен од страна на компанијата НИИ „Полјус“ „М.Ф. Стељамах“ која е составен дел од холдингот „Швабе“.

„Армија-2019“

Меѓународниот воено-технички саем на вооружување и воена опрема „Армија-2019“ трае од 25-30 јуни. Манифестацијата се одржува на територијата на конгресно-изложбениот центар „Патриот“ кој се наоѓа во Московската област. Планирано е саеми со слична тематика да се одржат и во други градови во Русија. Според прелиминарните резултати, на саемот учествуваат повеќе од 1500 претпријатија и организации кои ќе претстават повеќе од 27 илјади различни производи и идни проекти.