Касетите КПОМ-3 опремени со противпешадиски мини и КПТМ-4 опремени со противтенковски мини беа претставени на петтиот саем „Армија-2019“.
„Мината ПОМ-3 врши селекција на метите врз основа на радиошумовите што ги прават борбените возила на пешадијата или тенковите, во состојба е да идентификува борец кој влегува во зоната на дејство, а може и да разликува човечки суштества од животни“, се наведува во соопштението.
Мината има опција за автоматско прилагодување (со можност за повторно прилагодување) на точното време на самоуништување пред да се уфрли во касетата.
„Овие мини можат да препознаат мети, самостојни да се деактивираат или да се самоуништат. Фрагментациската противпешадиска мина ПОМ-3 е првата противпешадиска мина на светото со далечинско прилагодување, бесконтактна запалка со сеизмички сензор за мета“, рече генералниот директор на „Техмаш“ Владимир Лепин.
Саемот „Армија-2019“ се одржува во паркот „Патриот“ недалеку од Москва од 25 до 30 јуни. Медиумската куќа Russia Today е официјалната информативна агенција за настаните.