„Калашников“ демонстрираше уништување на цел со примена на дронот-камиказе „КУБ-БЛА“ (ВИДЕО)

Слободан Ѓукиќ
Концернот „Калашников“ објави видеоматеријал на кој е прикажано дејство на ударниот беспилотен комплекс „КУБ-БЛА“. Овој дрон-камиказе беше претставен на воено-техничкиот саем „Армија-2019“.

Неговите основни тактичко-технички податоци се:

  • Должина 950 мм
  • Висина 165 мм
  • Ширина 1210 мм
  • Брзина на летање 80-130 км/ч
  • Траење на летот до 30 минути
  • Максимална носивост до 3кг

Во видеоматеријалот е прикажано дејство на неколку од овие дронови-камиказе врз различни цели. Во прв план се гледа нивната прецизност, која е снимена со камера со голема брзина. Беспилотното летало подеднакво ефикасно изведува задачи кога врз пленот се обрушува од големи, но и од мали висини (нагли промени на правецот и нагло обрушување врз целта под агол од 90 степени).

Основната намена на дронот-камиказе „КУБ-БЛА“ е неутрализирање на оддалечени копнени цели. Беспилотното летало носи разорна боева глава до целта чија позиција се одредува со помош на координати кои се внесуваат рачно или преку дигитална слика, пренесува интернет-порталот РГ.

Концернот „Калашников” (претставува дел од државната корпорација „Ростех”) во февруари оваа година на меѓународниот саем на оружје и воена техника IDEX-2019 што се одржа во Абу Даби (ОАЕ), првпат го претстави новиот производ- беспилотното летало „Куб-БЛА“. Во САД овој дрон веќе го нарекоа „револуционерен производ“ кога е во прашање тактичката употреба на беспилотните летала, затоа што нивната набавка ќе биде мошне достапна и евтина. Нешто како познатата автоматска пушка АК-47.

Леталото може да патролира по пошироко подрачје на боиштето во потрага по цел и по откривањето да го нападне со обрушување од воздух. Тоа има можност да го изведе нападот и по вертикална траекторија на летот, тнр. пикирање. Тоа му овозможува на леталото да уништи непријателско оклопно возило така што го напаѓа во неговата најслаба точка – врвот на возилото, каде што оклопот е најтенок. Широко достапните системи за ПВО имаат многу мала ефикасност против ваквиот тип на оружје.

Прочитајте повеќе: Во Русија направен дрон во вид на був (ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња