„Воскреснување на подводниот колос“: САД будно го следат ремонтот на подморницата „Дмитри Донски“

Интернет-портал „Бог-рата“ (mars.online)
Американските експерти се обидоа да одговорат на прашањето зошто руската Северна флота го продолжи животот на опасниот подводен нуклеарен ракетоносец од класата 941 „Дмитриј Донски“.

Американскиот интернет-портал „Национален Интерес“ не можеше да не ја коментира веста за завршување на ремонтот на најголемата атомска подморница на светот (класа 941 „Акула“/НАТО „Тајфун“) која го носи името „Дмитриј Донски“. Неодамна таа ги заврши своите прв постремонтни тестирања во водите на Белото Море, пренесува рускиот интернет-портал РГ.

Марк Епископос, авторот на тој текст, напомнува дека се работи за нуклеарен подводен колос кој претставува најголем пловечки објект од ваков тип на светот. Тој, исто така, смета дека подморниците од оваа класа се нешто најопасно што СССР некогаш создал за време на своето постоење. Нејзиното име настана благодарение на познатиот холивудски филм „Ловот на „Црвениот Октомври“.

Во последните децении „Дмитриј Донски“ служеше како тест-платформа за испитување на новите интерконтинентални балистички проектили РСМ-56 „Булава“. Тоа траеше сѐ до 2018 година, кога беше одлучено подморницата капитално да се ремонтира и модернизира и да се вклучи во боево дежурство заедно со стратешките нуклеарни подморници од поновата генерација „Бореј“.

 

Неодамна рускиот вицеадмирал Олег Бурцев ја откри информацијата дека постои можност „Дмитриј Донски“ да се претвори во офанзивна подморница, каде што наместо интерконтинентални балистички проектили би носел ракети „Калибар“ и тоа неверојатни 200 парчиња.

Авторот го поставува прашањето: „Што ќе добие руската морнарица со реализацијата на таков сложен и скап проект?“. Впрочем, како што смета американскиот воен експерт, модернизацијата на ваква подморница е поскапа од изградбата на нови подморници од класата „Бореј“.

Во тоа може да се најде логичен резон, смета американскиот воен експерт. Во текот на нејзината модернизација, руската армија става акцент на формирањето на високомобилни копнени борбени единици за брза реакција и со самото тоа ги става во втор план останатите видови на својата војска. Така, на пример, во единиците на руската воена морнарица има забележителен недостиг од напаѓачки подморници кои можат да ѝ парираат на огнената моќ на американските подморници од иста класа. Конкретно, американска нуклеарна подморница од класата „Охајо“ е вооружена со 154 крстосувачки ракети „Томахавк“, додека истовремено руската морнарица во овој момент нема подморница која може да ѝ се спротивстави според овој параметар. Токму превооружувањето на нуклеарните подморници од класата 941 „Акула“ со стотици крстосувачки ракети „Калибар“ може да биде оптимално решение за постигнување ракетен паритет со САД.

Прочитајте повеќе: Ремонтиран „Дмитриј Донски“: Северната флота ја тестираше џиновската атомска подморница

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња