Во соопштението на сајтот на НПО „Енергомаш“ се наведува дека „успешно ја заврши работата комисијата за примопредавање за прием на договорената серија мотори РД-180 <...>. Во јуни со претставниците на компанијата Pratt&whitney, United Launch Alliance, РД АМРОСС беа потпишани формуларите за три мотори”.
Се истакнува дека ова е „првата испорака во 2019 години, како и дека моторите се подготвени за испорака“, пренесуваат руските медиуми.
До овој момент веќе се изведени 85 летови на американските носачи на ракети „Атлас-3“ и „Атлас-5“ со руски мотори РД-180. Првиот РД-180 беше доставен во САД во јануари 1999 година.
Вкупно, според податоците на НПО „Енергомаш“, во САД се испорачано 113 такви мотори.
НПО „Енергомаш“ произведува ракетни мотори на течно гориво РД-191 за ракетоносците „Ангара“, како и РД-180 за американските ракети „Атлас-5“ и РД-181 за американската ракета „Антарес“.
Во моментов компанијата работи на моторот РД-171МБ за новата ракета „Сојуз-5“ („Иртиш“).
Во Америка го истакнаа високиот квалитет на моторот РД-180. Директорот на „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин изјави дека некои земји од Северноатлантската алијанса се интересираат за купување руски мотори за вселенски ракетоносци.
Покрај тоа, руската влада изјави дека американската ракетно-вселенска индустрија зависи од испораката на руска опрема.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче