Од крајот на деведесеттите години на минатиот век, руското државно научно-производствено претпријатие „Енергомаш“ им испорачало на САД 130 вселенски ракетни мотори РД-180 и РД-181 за потребите на американските лансирни возила, а од тоа 93 мотори се веќе искористени во вселенските лансирања, изјави за РИА „Новости“ неименуван извор од ракетно-космичката индустрија во понеделникот.
„До денешен ден на Американците им се испорачани 113 мотори РД-180 за ракетата „Атлас-5“ и 17 мотори РД-181 за ракетата „Антарес“, прецизираше овој извор.
Според него, досега се изведени 85 летови со користење на моторот РД-180 на првиот степен на ракетата „Атлас-5“ и 8 летови со употреба на моторот РД-181 во пар, и тоа на првиот степен на лансирањето на ракетата „Антарес“.
„Оваа година на американските муштерии им се испорачани 11 мотори РД-180 и 5 мотори РД-181“, додаде соговорникот на агенцијата.
Првиот мотор РД-180 им е испорачан на САД во јануари 1999 година, а првиот РД-181 во јуни 2015.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче