„Огнен рингишпил“ на руски хеликоптери на боиштето во Сирија (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На интернет се појави видеоснимка направена уште во 2015 година на која е забележан „огнен рингишпил“ на руски јуришни хеликоптери Ми-24П на Воздушно-космичките сили на Русија.

Суштината на овој тактички маневар е во тоа што хеликоптерите наидуваат редум во парови, едни по други, истрелуваат ракети на целта, а потоа прават круг и се враќаат во базата. На оваа видеснимка во акцијата учествуваат шест хеликоптери. Стрелбата се коригира од земја, од позицијата од која е направена и снимката, соопштува весникот „Росијскаја газета“.

Како што се истакнува, на снимката се забележани настани од 2015 година. Огнот го коригира командантот на рускиот контингент во Сирија, генерал-полковник Александар Дворников. Позициите на терористите се гаѓани со ненаведувани ракети.

По извршената задача хеликоптерите прелетаа покрај командната позиција.