Видео: Фигури на акробатски лет на ловецот Су-30СМ од кои застанува здивот

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Пробниот пилот Сергеј Китаев изведе неверојатни фигури на акробатски лет на повеќенаменскиот ловец Су-30СМ2, а видеоснимката што ги остави без здив Интернет-корисниците ги направи телевизиската станица Звезда.

Како што пренесуваат руските медиуми, снимката е направена во фабриката за авиони Гагарин во Комсомољск на Амур.

Видеоснимката сведочи за вистинското мајсторство на рускиот пилот кој во еден момент се спушта речиси до врвовите на крошните на дрвјата, а потоа се насочува кон небото.

Сергеј Китаев по врвната демонстрација на акробатскиот лет рече дека секој лет е поинаков. Она што не е променето и што е неопходно е пилотот да има доверба во леталото и да знае што прави.