5 факти за сибирскиот еднорог

Wikipedia.org
Во Сибир живееле еднорози. Но, тие не личеле на оние мили и симпатични суштества од детските приказни кои личат на коњ со рог на главата. Тие повеќе личеле на косместите носорози.

Веќе неколку недели светските медиуми одделуваат особено внимание на сибирските еднорози. Претходно се мислеше дека овие суштества изумреле пред 350 илјади години. Меѓутоа, неодамна излезе дека еднорозите живееле на нашата планета пред само 29 илјади години. Ова значи дека хомо сапиенсот на Земјата се сретнал со ова животно „од приказните“. До ова откритие дојдоа руските научници од Томскиот државен универзитет со помош на радиојаглеродна анализа.

Треба да се каже дека еднорозите повеќе личеле на косместите носорози, одошто на расни коњи. Што уште ни е познато за овие древни суштества?

1. Сибирскиот еднорог се хранел чудно

И покрај големиот обем (можел да биде долг 5-6 метри и тежок над пет тони), се хранел главно со кртоли и со луковици од растенија. Еднорогот можел да копа земја и оттаму да ги извлекува корењата што можат да се јадат. Немал секачи, па затоа земјата ја копал со својата тврда уста. Сега научниците се обидуваат да одговорат на прашањето како овој вид опстанал подолго од пештерските лавови и од мамутите. Можеби за тоа е заслужна исхраната?

2. Во времето на еднорозите во Сибир било топло

Остатоците од овие животни се откриени во југоисточниот дел на Западносибирската рамнина. Еднорозите сакале топла клима, па затоа се сметало дека тие не доаѓале во овие предели. Новото откритие наведува на заклучок дека климата на Урал и во Сибир можеби не билa онаквa како што се мислело порано. Според научниците, еднорозите можеле да мигрираат и само еден дел од годината да го минуваат во јужните краишта.

Извор: Wikipedia.orgИзвор: Wikipedia.org

3. Древните луѓе најверојатно навистина виделе сибирски еднорог во живо

Ова значи дека животните нацртани на ѕидовите од пештерите не биле само плод на фантазијата на нашите далечни предци. Сосема е можно дека првобитните ловци и го предизвикале изумирањето на овие животни, со оглед на тоа дека еднорозите претходно преживеале четири или пет ледени доба. Во секој случај, причините за нивното изумирање и понатаму останува под превезот на тајната. Тешко е дека ги уништил нов леден период, Претходно научниците изнесуваа хипотеза дека мамутите постепено ги потиснале еднорозите.

4. Не изгледал како суштеството од приказните

Треба да се каже дека рогот на овие древни животни, како и целиот род, немаат ништо заедничко со суштеството од приказните. Сибирскиот еднорог на челото имал ковчест израсток во облик на купола, кој бил долг околу 35 сантиметри и висок околу 15 сантиметри. Овој израсток бил многу цврст и служел како основа за голем рог. Внатре, во таа „купола“, било сместено сетилото за мирис. Ова значи дека сибирскиот еднорог имал остро чувство за мирис. Рогот се наоѓал на челото, а не на носот, како што е случајот кај еднорогиот индиски носорог. Научниците различно ја проценуваат должината на рогот. Некои од нив сметаат дека таа можела да изнесува од 1 до 2 метри.

Извор: Wikipedia.orgИзвор: Wikipedia.org

5. Имал ли уште еден рог?

Ова животно, покрај главниот, можеби имало и уште еден рог. Научниците уште од 19 век се обидувале да го реконструираат изгледот на сибирскиот еднорог. На пример, професорот по зоологија Александар Брант обрнал внимание на помал израсток на предниот крај од носната коска и претпоставува дека тоа бил втор рог. Според него, овој рог се наоѓал во муцката и имал облик на помала рожна плочка. Но, засега во ископините не е пронајден ниту еден рог од ова животно. Роговите се состојат од кератин, како и нашата коса и ноктите, и речиси никогаш не се зачувуваат. Палеонтолозите само врз основа на структурата на черепот дошле до заклучиле дека постоел рог.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња