Златен Aurus изложен на Петербуршкиот економски форум

Григориј Сисоев/Sputnik
Aurus Senat во златна боја е изложен во специјален изложбен простор во рамките на Петербуршкиот економски форум.

Учесниците и гостите на форумот можат да се фотографираат пред овој руски автомобил, пренесува агенцијата РИА „Новости“.

„Аурус“ стои во „Никољската улица“ која беше отворена претходно, на форумот на институциите за развој ВЕБ.РФ (ВЭБ.РФ), Рускиот центар за извоз, Корпорацијата МСП, банката МСП, итн.

Споменатиот штанд е макета на улицата во која сите служби се на дофат на раката. Се истакнува дека овој изложбен простор го носи називот Russia Extends.

Линијата автомобили од премиум класата Aurus е конструирана во Научно-производствениот авто-мото институт НАМИ и ги опфаќа лимузината „Сенат-лимузина“, седанот „Сенат“ и минивенот „Арсенал“.

Се смета дека Aurus е конкуренција на брендовите Bentley и Rolls-Royce. Планирано е продажбата на автомобили Aurus на приватните клиенти од Русија да почне во третиот или четвртиот квартал на 2019 година.

Прочитајте повеќе: Дали се очекува експанзија на „Аурус“ на азискиот пазар?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња