Националниот антитерористички комитет на ФСБ соопшти дека за време на антитерористичката операција во Кизиљрутскиот регион се ликвидирани три лица. Станува збор за припадници на терористичка група која е откриена во селото Султан-Јурт, пренесува Интернет-порталот maarsonline.
Во текот на операцијата припадниците на СпН користеа борбени роботи и блиндирани возила. Беше забележана употребата на оклопниот автомобил „Фаљкатус“ кој е карактеристичен по своите димензии, но и по застрашувачкиот изглед. Исто така, применети се и оклопни средства кои се направени врз база на камионот Урал. За време на самата операција, специјалните единици на ФСБ употребиле и голем број гранати со калибар од 40 милиметри, како и рачни бомби,
За рускиот „Бетмобил“ постојат многу малку податоци
Станува збор за мистериозно возило кое го има направено специјализираната компанија ЗАО „Форт технологија“ која е директно поврзана со ФСБ. Се претпоставува дека возилото е направено врз база на КамАз-4911.
Кога станува збор за самата структура и за квалитетот на неговата оклопна заштита не постојат достапни податоци. Возилото кое личи на „бетмобил“ го движи исклучително силен мотор, кој му овозможува да оствари максимална брзина од дури 200 километри на час.
Воените експерти сметаат дека во возилото можат да се транспортираат до 10 специјалци.