Каракаев соопшти дека единиците кои ќе бидат опремени со системите „Авангард“ многу брзо ќе станат оперативни, односно во борбено дежурство ќе влезат до крајот на 2019 година, пренесува Интернет-порталот на РИА Новости.
„Ракетната војска се наоѓа во фаза на историска модернизација на своите сили. Од борбено дежурство излегуваат последните ракетни системи кои се карактеристични за советската епоха. Истовремено успеавме да направиме база за производство на нови ракетни системи кои се од целосно домашно/руско производство и постепено да ги усвојуваме во борбениот состав на РВСН“, потсетува командантот на РВСН, а пренесува Интернет-порталот Взгљад.
Тој спомена дека во експлоатација е воведен и ракетниот комплекс „Јарс“.
Според команадантот Каракаев, во Јасенската ударна ракетна група (13 ракетна дивизија) која е дисперзирана низ целата Оренбуршка област, веќе е формирана инфраструктура за прифаќање на ракетниот полк опремен со системите „Авангард“. Овој ракетен полк во целост ќе биде оперативен до крајот на оваа година.
Во февруари годинава министерот за одбрана на Руската Федерација генерал-мајор Сергеј Шојгу рече дека ракетните системи од новата генерација „Авангард“ ќе влезат во борбено дежурство на РВСН во декември 2019 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче