Во Русија во продажба се појавија нови „Крокодили“ ЗИЛ-133 произведени пред 25 години. Цената на еден камион речиси без премината километража со нови гуми и акумулатор е 700 илјади рубли (10.855 евра).
Камионите ЗИЛ-133ГЯ, кои народот ги нарече „Крокодили“ поради испакнатата хауба и издолжената шасија се најдоа во продажба на еден популарен огласен портал, пренесуваат руските медиуми.
Продажбата ја објави една продавница која од 2011 година се занимава со продажба на техника и делови за овој модел. Како што е нагласено, камионите се во одлична техничка состојба. Наводно веќе 25 години, односно од моментот на производство стоеле во гаража и се воделе како државна резерва.
Фабрички тестирани автомобил со прoјден 1.5 километар, практично од фабриката до паркингот, со нови гуми и со акумулатор може да се купи за 700 илјади рубли.
Крокодилите се произведуваа од 1975 до 1999 година во московската фабрика ЗИЛ. Претпријатието банкротираше во 2013 година, а на негово место се гради елитна станбена населба и продажни центри. Без оглед на судбината на фабриката, интересот за овој модел од домашната автоиндустрија никогаш не опаднал, пренесуваат руските медиуми.