Најпопуларниот советски автомобил од триесеттите години на 20 век ГАЗ-М! Масовно го користеше советската милиција. За жал, овие возила станаа непријатен симбол на советската репресија, со оглед дека често ги користеа тајните служби за време на апсењата на „народните непријатели“ за време на Големата чистка.
Ова воено возило стана советски полициски автомобил на доцните четириесетти години од минатиот век. Незаменливо во возењето по нерамен терен, интензивно се користеше надвор од градовите. Но, поради кабриолетскиот изглед не беше поволно за зимски услови.
Во повоениот период началниците на полицијата особено го сакаа ГАЗ-М20 „Победа“. Овој удобен автомобил беше меѓу првите во земјата со вградено греење. „Победа“ масовно го користеше и советската сообраќајна милиција.
ГАЗ-21 со своите унапредени технички карактеристики и со комфорот стаса како замена за „Победа“. Ова беше прилично брз автомобил за тоа време (со максимална брзина од 130 километри на час), кој добро се снаоѓаше и по нерамен терен. За поголемиот број советски граѓани беше премногу скап, но милицијата масовно го користеше.
Еден од најпознатите и најуспешните советски камиони ЗИЛ-130 беше користен во земјоделството, во индустријата, но и во војската. Во текот на 50 години од производството има доживеано десетина модификации. Полицијата го користеше ЗИЛ-130 за транспорт на осуденици и во единиците на специјални намени.
Ова комби беше користено не само за транспорт на група милицајци, ами и како мобилна криминалистичка лабораторија.
Советските полицајци од внатрешноста можеа само да сонуваат за овој автомобил. На почетокот ГАЗ-24 го користеа само силите на редот во големите градови. Соработниците на КГБ имаа повеќе среќа. Тие ја добиваа модификацијата ГАЗ-24-24 со максимална брзина до 170 километри на час. Тоа беше еден од најбрзите советски автомобили кој некогаш е направен.
За разлика од речиси луксузниот модел ГАЗ-24, овој едноставен ВАЗ-2101 беше достапен само за полицијата како во големите градови, така и во руралните области. Го користеа сите полициски служби, од сообраќајните патроли до криминалистичката милиција.
Совршен советски теренец кој беше омилено возило на милицијата во оддалечените подрачја и во суровите климатски услови. Таму можеше да го покаже своето најдобро лице.
Овој камион за првпат е произведен во седумдесеттите години од минатиот век и понатаму останува во широка употреба. Често се користи за транспорт на припадниците на ОМОН, одредот на полицијата за посебни намени.
Советската милиција не секогаш се потпирала само на домашните возила. Некои единици имаа среќа да ги пробаат и странските модели како што се Бе-Ем-Ве, Мерцедес, Ауди и Волво, кои СССР ги увезуваше во мал број за потребите на безбедносните сили. Дури ни најбрзиот советски автомобил Волга 24-24 со максимална брзина од 170 километри на час што чуварите на редот и тајните служби го користеа во потерите, не можеше да се мери со Бе-Ем-Ве и неговата максимална брзина од над 200 километри на час.
Ова беше омилено возило на руската милиција во деведесеттите години од минатиот век, едноставно за одржување и со добри технички карактеристики. Но, главната причина за популарноста на ВАЗ-21093 беше достапната цена. Што беше мошне важно во времето на постсоветската криза.
Во текот на 25 години ова возило беше главното превозно средство на милицијата, особено во внатрешноста на земјата. Иако денес овие автомобили полека се заменуваат со понапредни модели, сигурниот и непретенциозен УАЗ-32514 и понатаму е едно од најзастапените полициски возила.
ВАЗ-2110 (или Лада 110) главно го користи руската сообраќајна полиција. Овој автомобил добро се покажа во потерите. Не е реткост зад неговиот волан да се најде и висок полициски службеник.
Денес руската полиција располага со широк спектар возила: од Мерцедес до Порше. Домашните автомобили, сепак, и понатаму го сочинуваат главниот дел од полицискиот возен парк. Најчесто полициско возило во Русија денес е ВАЗ-2114 (Лада Самара 2), кое го наоѓаме во секој град на Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче