„Реостат-1“ претставува пункт преку кој се командува со батерија самоодна артилерија која се наоѓа во состав на ВДВ. Целиот систем е направен на шасија на оклопен транспортер БТР-Д. Покрај операции за извидување, тој има способност автоматски да ги обработи координатите на целта и врз неа да наведе маса гранати во кое било време на денот и ноќта. Истовремено, може мошне ефикасно да ја следи ситуацијата на боиштето, да го коригира артилерискиот оган и на крај да дава мошне прецизна процена на ефектите од огнот“, соопштува информативната служба на компанијата „Роселектроника“ која го разви овој комплекс.
Оклопниот извидувач е опремен со компјутеризирани радио-уреди и прибор за набљудување, а комплетниот процес на обработка на информациите и командувањето се изведува со помош на преносни компјутери, пренесува интернет-порталот РГ.
Првиот мобилен извидувачки пункт „Реостат“ се појави во советската армија уште на почетокот на 80-те години од минатиот век. Машината е опремена со оклоп врз база на алуминиум кој ги штити екипажот и уредите од панцирна муниција. Екипажот се состои од 4-6 луѓе. Масата на оклопното возило „Реостат-1“ изнесува осум тони. Максималната брзина на пат 60 км/ч, а по површината на водата 9 км/ч. Возилото со полн резервоар може да совлада 500 км.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче