Русите забрзано ги завршуваат работите над уште еден носач на дрон-торпеда „Посејдон“

Слободан Ѓукиќ
Се појавија информации за втора подморница која ќе биде вооружена со нуклеарни длабоководни беспилотни дрон-торпеда „Посејдон“.

Како што пренесува интернет-порталот ТАСС, повикувајќи се на извори од рускиот одбранбен воено-индустриски комплекс, втората подморница која ќе биде платформа за „Посејдони“ ќе го носи името „Хабаровск“. Оваа нуклеарна подморница според прелиминарните проекции ќе биде спуштена во вода веќе следната пролет, пренесува РГ.

Официјално оваа информација сѐ уште не е потврдена, меѓутоа судејќи според зборовите на соговорникот на овој руски портал, во план е атомската подморница „Хабаровск“ веќе во 2022 година влезе во вооружувањето на руската Воена морнарица. Оваа подморница ќе може да носи до шест џиновски дрон-торпеда со интерконтинентален дострел „Посејдон“ кои на Запад веќе ги нарекоа „оружје на апокалипсата“.

Треба да се спомене дека првата платформа за дрон-торпедата „Посејдон“ е атомската подморница „Белгород“. Таа според своите димензии и генералните тактичко-технички карактеристики исто така сериозно ги „стресе“ информативните редакции како на источната, така и на западната страна на светот.

Покрај оваа подморница, „Посејдон“ ќе можат да носат и останатите подводни објекти како што е атомската подморница од класата 949АМ „Антеј-М“. Се разбира, за такво нешто ќе биде потребно да се направат сложени зафати од конструкторска природа¹“, истакнува изворот. Уште две подморници од класата „Антеј“ (К-132 „Иркутск“ и К-442 „Челјабинск“) ќе бидат подигнати на стандардот „Антеј-АМ“ кој според неофицијалните информации ќе овозможи употреба на „Посејдони“.

¹Се работи за модификација на оваа подморнице на стандардот „Антеј-АМ“. 

Прочитајте повеќе: Спуштена во вода атомска подморница со најголема огнена моќ на светот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња