Подводни апарат АС-34.
Министарство за одбрана на РФ/ Twitter.com/Global Look PressСпоред Херојот на Советскиот Сојуз, пензионираниот капетан прва класа Валериј Кулаков, главната задача на овие апарати беше да ги заштити советските подводни комуникациски кабли од американските шпионски роботи кои симнувале податоци од нив. Советските подводни апарати можеа да се спуштат само на длабочина од 200-300 метри и тогаш беше решено за набљудување и извидување да се направат принципиелно нови длабоководни системи.
Првиот длабоководен апарат „Архиелаг“ без сопствен погон беше направен во најголема тајност, но неговото прво нуркање со екипаж во ноември 1967 за малку ќе завршеше трагично.
„Тројца акванаути поминаа четири дена и ноќи во комората за набљудување, а потоа мораа веднаш да ја напуштат поради вонредна ситуација. Вистинско чудо е што се спасени, бидејќи бурните ветрови креваа бранови високи пет метри. „Архипелаг“ потона, бидејќи неговата конструкција имаше цела низа недостатоци“, изјави Валериј Кулаков за „Армиски стандард“.
Наместо „Архипелаг“, беше направен системот „Селигер“. Тој можеше да се спушти на длабочина поголема од 2000 метри.
„Тоа во суштина беше минијатурна подморница. Обично ја нарекуваа „буре“. Беше прилично „оката“ - имаше пет кружни прозорци. „Селигер“ имаше и своја „мајка“ која го носеше. Имено, го влечеше голема подморница, со која беше врзан со папок. Длабоководниот систем се спушташе на дното на океанот на долга сајла која истовремено беше и кабел“, објаснува Кулаков.
Под стомакот „Селигер“ имаше закачено дополнителен баласт - сајла за сидро која висеше слободно и беше тешка повеќе од еден тон. Кога длабоководниот систем ќе се спуштеше до дното, ќе легнеше на таа сајла и тогаш самостојно можеше да го истражува релјефот на дното неколку стотици метри наоколу. Како баласт често се користеа „влечки“ на тракторски гасеници.
Американците ги збунија фотографии на морското дно со втиснати траги од тенковски гасеници. Нивните аналитичари излегоа со верзија според која СССР направил специјални подводни машини со гасеници кои се движат на дното и инсталираат нуклеарни проектили. Таа хипотеза стана мошне популарна и од време на време се појавуваше во западните медиуми како илустрација на „руската опасност“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче