Во познатата фабрика „Ј.М. Свердлов“ која се наоѓа во Ѕержинск отворена е првата, во целост автоматизирана линија за производство на разорни воздушни бомби со тежина од 500 килограми. Оваа производна линија е оспособена за само една и пол година (почетокот на работите за нејзина изградба започна во јуни 2016 година), истакна генералниот директот Вадим Рибјин и додаде: „Ние сме прва фабрика во Русија која успеа да ја стави во функција првата автоматизирана производна линија на која ќе се составуваат масивни авионски бомби со тежина од 500 килограми“. Целиот производствен комплекс ќе се простира на површина од околу 10.000 метри квадратни, и ќе биде составен од повеќе одвоени сектори. Средствата за изработка на ваква сложена виокотехнолошка производна линија ги обезбеди самата фабрика, а вкупната вредност на комплетната работа изнесува околу 600 милиони рубли (8.6 милиони евра). Ова унапредување ќе овозможи да се ангажиранитe луѓе во целост да бидат изземени од опасните зони. Практично целиот процес на производство на авионски бомби, од неговиот почеток до крајот, ќе го контролираат оператери на компјутери. Инаку фабриката „Ј.М. Свердлов“ е едно од поголемите претпријатија во рамките на воено-индустрискиот комплекс на Руската Федерација.
Претседателот на научно-техничкиот совет на воено-индустрискиот комплекс на Руската федерација (ВПК РФ) академик Јуриј Михајлов ја истакна стратешката улога на овој погон во зголемувањето на одбранбените способности на руската армија, поточно на нејзиното борбено воздухопловство. Ова стана особено индикативно по нејсвежите воени искуства од Сирија. „Производството на ваков вид муниција, како што се разорните воздушни бомби со тежина од 500 килограми, претставува исклучително важен фактор во зголемувањето на вкупната борбена готовност на нашата авијација“, истакна академикот. Иако спаѓа во ненасочувачко оружје, благодарение на современите офанзивно-навигациски системи кои се дел од модернизираните, нo и нови борбени апарати, овие бомби се покажаа како мошне ефикасно средство во Сирија. Буквално им го скршија 'рбетот на меѓународната терористичка мрежа на Блискиот Исток. Нивното оддалечување од метата е практично безначајно за разлика од, на пример, високософистицираните насочувачки бомби кои се неспоредливо поскапи и покомпликувани за производство. Тие буквално можат да бидат „наштанцани“ на илјадници вакви бомби за мошне кратко време, и, што е најважно, за релативно ниска цена. Силата на експлозивното полнење кое изнесува речиси четири тони ТНТ, нанесува тешки оштетувања, или целосно уништува поголем дел од денешните инфраструктурни објекти. Ваквиот тип авионски бомби се наметнуваат како извонредно решение во борбата против непријателот кој масовно користи асиметрични методи на борба, кога е потребно евтино и истовремено ефективно средство за да се изврши задачата и да се уништи целта. Едноставно, зошто група од 5-6 терористи да се гаѓаат со бомба која е ултрапрецизна, но неспоредливо поскапа, кога сето тоа може да се реши со бомба која веројатно ќе се оддалечи само неколку метри од целта, но чија разорна сила ќе ја направи оваа оддалеченост безначајна. Ударниот бран кој го создава ваквото количество експлозивно полнење во комбинација со дожд од гелери, гарантира уништување и на тешка борбена техника, а не на обична жива сила.
Од друга страна, воздушната операција против вака дисперзиран непријател каков што беше на пример во Сирија, а кој нема класична линија на фронтот, кој нема стандардни маршрути за снабдување, изискува масовна примена на воздухопловно борбено оружје. Покрај цената, овие фактори изискуваат и способност за брза регенерација на применетото оружје кое ќе ја направи операцијата високоинтензивна. А, за такво нешто служат токму овие бомби – едноставни, евтини, лесни за производство, со демолирачки ефекти на фронтот. Тоа неспорно го докажа практиката во Сирија. Додека Американците со своите сојузници ги бомбардираа терористите на „Исламска држава“ со „паметни“ бомби оваа организација само процветуваше. Кога се појавија Русите со бомбите Фаб-250 и Фаб-500, за волја на вистината на квалитетни борбени авиони, како што е на пример Су-34, на терористите им тргна кон полошо.
Според академик Михајлов, во последните две години колку што траеше руската воздушна операција во Сирија, во голем процент беа исцрпени резервите од овој тип муниција. Постои потреба овие резерви брзо да се надополнат, вклучувајќи го и нивното стабилно одржување дури и во услови на интензивна примена.
Станува збор за бомби кои во основа го уништуваат непријателот и неговата борбена техника со својата разорна сила. Фугасните/високоексплозивни бомби се наменети за уништување различни цели на земјата како што е жива сила на непријателот, материјално-технички средства, различни објекти, инфраструктура. Се одликуваат со значително повисока концентрација на експлозивен полнеж за разлика од останатите бомби, кој често знае да надмине 50% од вкупната маса на бомбата. Нивната експлозија има разорен ефект на земјата, а често може да предизвика и микроземјотреси. Главно се наоѓа во вооружувањето на тактичките офанзивни авиони и на бомбардерите, но можат да ги носат и стратешките бомбардери, како и универзалните ловци-бомбардери.
Современите руски разорни бомби имаат маса од 250 килограми до 9.000 килограми (ФАБ-9000-М54). Се претпоставува дека овој автоматизиран погон во Ѕержинск, покрај бомбите од 500 килограми ќе произведува и бомби од 1.500 килограми. Тие се произведуваат во неколку подваријанти. Скратена, продолжена, со подебел челичен одливок. Последниве се особено ефикасни против поцврсти, армирано-бетонски цели.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче