Презентирани пред Путин модернизираните авиони: Ту-214, Ту-160 и Ту-22

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Владимир Путин на аеродромот на фабриката „Горбунов“ во Казањ ја погледна новата авионска техника, меѓу другото и модернизираните авиони Ту-160, Ту-22 и Ту-95МС.

Вниманието на рускиот лидер го привлекоа хеликоптерите кои се произведуваат во Татарстан.

Претседателот на Русија се качи во најновиот хеликоптер Ми-38Т кој може да прими 40 падобранци, детално го погледна и се запозна со карактеристиките на модификацијата која го носи називот „Ансат“.

Во посебен хангар на рускиот претседател му беше претставен авионот Ту-214.

Како што се истакнува во информациите поврзани со посетата на Путин, оваа фабрика од основањето направила преку 22000 примероци на авијациска техника. Меѓу нив се ширум светот познатите авиони: Пе-2, Пе-8, Ту-16, Ту-104Б, Ту-23М3, Ту-160 и Ил-62М.

Казањската фабрика за авиони кон средината на 1990-те заедно со конструкторското биро „Туполев“ започна со развој и производство на патничкиот авион Ту-214.

Путин ја посети оваа фабрика во јануари 2018 година и го набљудуваше првиот лет на новиот стратешки бомбардер Ту-160. Беше потпишан и договор за производство на овие машини и сега активно се работи на тоа.

Во тек е и сеопфатна модернизација на целиот производствен комплекс на фабриката „Горбунов“, вклучувајќи и реконструкција на аеродромот.

Пуштен е во работа новиот командно-диспечерски центар, а исто така и хангари, бункери за авиони и специјална гаража.