„На воената парада посветена на 74-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна, учество зедоа 13000 војници и околу 130 единици воена техника. На чело на колоната со воената техника се појави познатиот тенк од времето на Втората светска војна Т-34-85, додека на крајот на ешалонот помина моќниот ракетен комплекс опремен со интерконтинентална балистичка ракета „Јарс“, ги пренесува своите импресии ABC News.
Во материјалот се нагласува дека на воената парада е претставена најсовремената воена техника која се наоѓа во вооружувањето на руската армија. Конкретно, се работи за тенковите од нова генерација Т-14 „Армата“ и ракетните противвоздушни системи со голем дострел С-400 „Триумф“, пренесува интернет-порталот РГ.
Од друга страна, Daily Mail обрнува внимание на новиот кабриолет Aurus. Новинарите на овој медиум нагласуваат дека автомобилот цело време бил во „параден режим“ кој го карактеризира бавна и изедначена брзина не поголема од 20 км/час. Тие напомнуваат дека за овој тип возила е заинтересирана Војската на Саудиска Арабија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче